Топ 10 вистински анегдоти, случки и приказни за Сашо Мијалков од која ќе ви се крене косата на главата!
Сите овие 10 години, но особено сега откако веќе ВМРО ДПМНЕ не е на власт слушам приказни и лични сведоштва за лудоста на екс шефот на ДБК, Сашо Мијалков, од кои навистина ми се крева косата на главата и зборува за забеганоста на минатиот режим.
Решив да ги споделам со вас овие приказни, кои засега се само лични сведоштва на луѓе директно инволвирани, пред се жртви на моќта и незгодниот карактер на екс шефот на тајните служби.
1. Случка прва:
Сашо Мијалков нема платено сметка во ниту еден ресторан, дискотека, хотел, продавница итн ширум цела Македонија!!! Исклучок од правилото е ресторанот Воденица каде тој има набилдано сметка од пола милион евра која ја платило ДБК!!!
Значи серија на ресторани и дискотеки буквално банкротирано затоа што тој ќе седнел на маса со свои пријатели, бодигарди, швалерки, отворале скапи коњаци, вина, шампањи, јаделе скапи јадења со часови и потоа само си заминувале, со тоа илјадници евра загуби биле креирани на повеќето угостителски објекти во земјава, со години, ако Сашо ти се појави у кафана, газдите добивале напад на паника и пролив!
2. Случка втора:
Сашо толку многу забегал со чувството на моќ и тоа дека никој ништо не му може, што почнал да тепа народ во сред дискотеки и ресторани пред очите на сите, буквално се однесувал како рекетар за кој законот не важи и плус има на располагање цело судство и обвинителство и цела полиција и тајни служби со сите можни инспекторати.
Во една таква случка, Сашо Мијалков претепал со шамари и боксови газда на скопска дискотека само затоа што масата број 1 не му била резервирана, туку масата број 2 му била резервирана, што тој го сметал за понижување?!?! Но и откако го истепал, пак по неколку месеци му се појавил на роденденска забава на бизнисменот, со очекување овој да не се љути што бил истепан за ич ништо?!?! Тоа е таа психа на психопат, да те тепа и да не смееш ниту да плачеш или да се љутиш, да го третираш како бог…
3. Случка трета:
Сашо Мијалков бил до таа мера аздисан во секоја смисла, што се одмаздувал и уништувал компании и луѓе само затоа што не му била удоволена некаков каприц или хир, како на пример, некоја газдарица не сакала да имаат секс?!
Една таква газдарица на приватна болница била ставена на црна листа на фондот за здравство и нејзиното семејство било малтретирано од алфите, нивните бизниси биле уништувани, одбиени од тендери, под 24 часовен напад на сите можни инспекции, до таа мера што фамилијата морала да продаде се и да се исели од земјава?!?!
4. Случка четврта:
Една угледна и многу позната тв новинарка која е немажена и доста атрактивна, била шокирана кога во една прилика се сретнала со Сашо Мијалков на врата на еден ресторан, и тој и ја зел раката и ја ставил на неговите гениталии и ја стиснал, додека се кикотел? Новинарката за тоа потоа му се жалела на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски, но тој се правел дека Сашо не бил таков…
5. Случка петта:
За ова пишувавме вчера но да потсетиме, Сашо Мијалков се одмаздувал на сите што му погрешиле додека бил никој и ништо, значи пред да дојде ВМРО ДПМНЕ на власт!
Се одмаздувал на жени кои не сакале да му бидат швалерки, на бизнисмени кои не сакале да му дадат пари на заем, на компании кои го исклучувале од кабелска итн итн…
6. Случка шеста:
Сашо Мијалков цело време ствара слика за себе дека татко му оставил милионски евра бизниси и капитал во Чешка додека бил преставник на Макотекс од Скопје. Но реалноста е дека татко му по загинувањето од сообраќајна несреќа на нив им оставил само долгови и тоа огромни, кои браќата никогаш не ги вратиле!
Еден таков долг бил позајмица од 45 000 марки за да го купат кафичот Балет во раните 90-ти од кој потоа тие живееле сите години додека да дојдат на власт. Тие 45 000 марки никогаш не ги вратиле од позајмувачкот, па дури потоа и во врвот на моќта пробале тој бизнисмен да го уништат, значи заборавиле на позајмицата и на доброто дело…
7. Случка седма:
Иако се по потекло од Штип и направија спомен куќа на Јордан Мијалков, Сашо Мијалков и Грујо ја презирале внатрешноста и себе си се сметале за скопска елита! Отворено се шегувале со сите кои се дојдени од градовите надвор од Скопје, ги нарекувале сељаци и провинцијалци, иако ВМРО ДПМНЕ се базирала токму на провинцијата, сељаците беа нивната база која го држеше на власт 10 години…
8. Случка осма:
Честите патувања во Чешка каде имале познаници стари пријатели на татко му, Сашо и Грујо се задоиле од барокниот раскош на Прага, и тогаш решиле Скопје да го прават да личи на Прага, ем тоа било згоден начин за да се збогатат од провизии од разните тендери од Скопје 2014-та кој тежи над 1 милијарда евра!
9. Случка деветта:
Мајка му на Грујо и мајката на Сашо биле како сестри и тие ги одгледале двајцата како да се браќа по смртта на таткото на Сашо, Јордан и заминувањето на таткото на Грујо, Томо од бракот со баба Нада. Поради тоа, мајкиве биле толку многу влијателни во нивните одлуки, што во една прилика баба Нада додека била на одмор во Турција здогледала палми и побарала од Грујо и Сашо цела Македонија да ја насадат со палми, и овие без двоумење веднаш нарачале илјадници палми вредни пола милион евра да се насадат ширум целата земја, и сите се исушија…

Случка 11. Еднаш го истепа Чак Норис 2 патти и после Тајсон го молел за прошка
ReplyDelete